Извештај од консултативна средба

30.05,2019  Штип

 

Присутни говорници:

Ивана Туфегџиќ – член на работна група

и

Зоран Илиески – член на работна група

Фасилитатор:
Антонио Даниловски – База на обучувачи при НМСМ

Присутни на средбата: 12

Средбата ја отвори фасилитаторот Антонио Даниловски, кој даде вовед за што ќе се говори во текот на консултативната средба. Потенцираше дека ваквите средби се креирани со цел да се соберат коментари, забелешки, препораки кои ќе помогнат за подобар “Закон за младинско учество и младински политики“. Фасилитаторот ги претстави говорниците и соопшти за што ќе зборуваат истите.
Како прв говорник на оваа консултативна средба беше членката на работната група Ивана Туфегџиќ која зборуваше за:

  • Образложение како и која беше причината за креирање на овој закон
  • Кои се членови на работната група
  • Процесот на креирање на законот за младинско учество и младински политики
  • Дефинирање на млади, младински организации, организации за млади, чадор организација
  • Креирање на регистар за младински организации
  • Младинско учество

Како втор говорник зборуваше Зоран Илиески, исто така член на работната група за креирање на овој закон, кој зборуваше за процесот на креирање на предлог законот, поточно за:

  • Креирање на регистарот за младински организации
  • Младинско учество на локално ниво – Локални младински совети
  • Локално собрание за млади
  • Избор на членови во Локалните младински совети
  • Локални стратегии за млади
  • Сервиси за млади – Канцеларија за млади, младински центри
  • Финансирање
  • Преодни и завршни одредби

Говорникот исто така дискутираше и развивање на политичката култура и политичката свест на младите, поточно за де-партизацијата на Локалните младински совети, како момент на кој треба да се посвети големо внимание се со цел Локалните младински совети на крајот на денот да бидат претставничкото тело на младите на локално ниво, а да не служат како тело на владеачката партија во тие општини. Двајцата говорници во кратки црти го објаснија законот на присутните на средбата. По завршување на годорниците фасилитаторот Антонио Даниловски им даде можност на присутните во салата да постават прашања, коментари, критика или имаат некаква забелешка за овој закон.

Од присутните во салата беа поставени повеќе прашања на кои говорниците дадоа детални одговори. Прашања и предлози кои беа поставени беа:

ПРАШАЊА:

  • Дали овој закон ќе претрпи владини дупки и на каков начин ќе биде заштитен овој закон од негово менување при промена на друга власт во државата?
  • Одговори Ивана Туфегџиќ – каде потенцираше дека не верува дека некоја власт би се осудила да го смени овој закон. Потребата од ваков закон е голема и ќе претставува само демократски начин за процесот на носење на одлуки кога се работи за млади.
  • Кои суштински промени, видливи промени кои ќе се превземат со овој закон ќе може да се воочат на долг рок?
  • Национално советодавно тело за младински политики – Моментално политичките подмладоци се помоќни од младинските организации, како ќе биде спречено во националното тело да има повеќе политички подмладоци, наместо младински организации?
  • Локални младински совети – Кој ќе биде задолжен да го води самиот процес на формирање на Собрание во општините при креирање на Локалните младински совети?
  • Одговор – Иницијативата за креирање на ова собрание треба да дојде од самите младински организации. Со тоа што тие организации ќе ја охрабрат општината да има отворен повик за членување во ова собрание. Самиот процес за избор на членки ќе го води самото собрание, а општината ќе го креира повикот и нема да учествува во изборот на организации.
  • Младински центри – Кој ќе биде задолжен за отварање на младинските центри?
  • Одговор – На ова прашање говорниците одговорија дека отварањето на ваквите младински центри треба да дојде од младинските организации. Поточно партнерство меѓу организациите и општините се со цел за негова поголема одржливост.
  • Младински центри – Кои младински работници ќе работат во младинските центри?
  • Одговор – Ова ќе биде уредено со друг закон на кој моментално се работи со Сојузот за младинска работа. Поточно се креира нов закон каде ќе биде уредено што подразбира младински работник и младинска работа.
  • Младински центри – На каков начин ќе бидат финансирани младинските центри?
  • Одговор – Најдобро би било овие центри да добиваат некаква финансиска помош од општината, за во случај организацијата што би го водела овој младински центар да нема потреба да аплицира на проекти се со цел негова одржливост.
  • Младински центри – Дали овие младински центри ќе имаат унифициран начин на работа со младите луѓе?
  • Одговор – Зависно од средината и општината, зависат и потребите на младите луѓе, фунцкионирањето би било добро да е исто, но внатре активностите ќе зависат од потребите.
  • Младински центри – Колку младински центри ќе може да се отворат во една општина?
  • Одговор – не е ограничено отварање на еден младински центар по општина.
  • Буџет – Кој ќе располага со буџетот кој е предвиден во законот за младинско учество и младински политики?
  • Одговор – Со предвидениот буџет ќе располага Агенцијата за млади и спорт.
  • Буџет – На каков начин ќе биде распределен буџетот во рамки на Агенција за млади и спорт?

 

ПРЕДЛОГ:

  • Да биде уредено со закон кој ќе го води собранието, поточно кој се ќе може да членува во собранието на локално ниво.
  • Од поставените прашања за младинските центри, да се запишат сите работи во законот во делот на младински центри, поточно, кој ќе раководи со нив, кој ќе ги финансира, колку центри ќе може да се отворат и на каков начин ќе се одредуваат квалификациите на младинските работници.

 

Ваш коментар