Извештај од консултативна средба

11.06.2019, Тетово

    

Присутни говорници:

-Ана Манасиева

-Куштрим Ала

-Драгана Митровиќ

 

Фасилитатор:

-Јовческа Славица

Информации околу почетокот на консултативната средба, содржината и говорите на говорниците

– Средбата започна во 13.00 часот како и што беше превидено по агендата. Пред почетокот учесниците се потпишаа на листата за присуство.

Модераторот ги поздрави присутните, се заблагодари за нивното одвоено време денес и својот придонес кој ќе го дадат во корегирање и дополнување на законот за младинско учество и младински политики, ги претстави говорниците и им даде збор.

Ана Манасиевска од Агенцијата за млади и спорт прва презентираше и го презентираше целиот процес на креирање на ЗМУМП.

Куштрим Ала и Драгана Митровиќ ја презентираа содржината на законот.

По завршувањето на презентациите модераторот им даде збор на учесниците со да постават прашања и да даваат предлози.

Прашања:

Прв за збор се јави  Беким Асани кој потенцираше дека нема инклузивност, нема превод на албански.

Тој во своето тврдење образложи дека НМСМ и Коалицијата СЕГА немаат легитимност да ги застапуваат младинските организации и дека не ги застапуваат сите младински организации.

Го постави прашањето дали овој закон со својот член против дискриминација се меша со законот за заштита и спречување од дискриминација.

Тој образложи дека се чуствува дискрминиран бидејќи настанот на фејсбук е напишан само на македонски јазик.

Бобан Милославлески СДСММ втор се јави за збор и бараше објаснување како ќе се избираат млади во претставничкото тело а кои не се членови на организации?

Исто така констатираше дека локална младинска стратегија во согласност со националните-проблемите на локално ниво се различни. Проблемите со кои тој се соочува се проблеми на 14ти век, што не е проблем на Национално ниво.

0,5 буџетот да биде дополнително на тоа што сега го има.

Кога ќе дојде на дискусија во собрание?

Сефије од Романо Авази праша дали се земаат во предвид претставниците од различните етнички заедници во изборот на младински претставници во телата.

Институт се обратија со прашањата:

Дали младинските центри и канцелариите ќе бидат заедно или не?

Дали се предвидени волонтери во канцелариите за млади?

Беким Асани повторно побара збор :

Младинските организации треба да се регистрираат и во АМС. Дали е тоа обврзувачки? Тие што нема да се регистрираат дали ќе бидат казнети?

Одговори:

  1. Куштрим

Го има законот на албански, да се обрне внимание на содржината. Да се размисли за 0,5 и терминот за дискриминација. Имаше и Албански пратеници во процесот на пишување на законот.

Ана

На сајтот двојазичен закон, агенди и закон на албански, се праша дали треба да се разговара на Албански не беше проблем.

Се согласува дека не може да ги преставуваат сите млади, него само нивните членки. Затоа претставничкото тело ќе ги претставува сите-делот од новиот закон.

Промена на членовите на советите, сега ќе се бираат од страна на младите. Собрание на млади на локално ниво ќе бираат претставници во советите.

Текстот уште не е финален, содржината е важна. Експерт ќе го среди текстот на крај. Работната група се фокусираше на содржината.

0,5 посто е одлично. Гарантирана сума.

Дина

Објаснување околу претставничко тело од законот. Има стриктни критериуми за претставничките и националните тела.

Локално делување-локални совети и сервиси ќе има

Куштрим

Ако треба ќе се организираат повеќе средби посебно во местата каде што законот не е доволно добро разбран.

 

  1. Ана

Голем дел од прашањата исто така било дилема на работната група. Во регистарот ќе има критериуми за организациите. Секоја локална стратегија ќе биде различна во зависност од потребите на локално ниво

 

Дина

Сите одлуки со консензус

Куштрим

Скопје и Тетово нај продуктивни коментари на содржината. Правен експерт има работната група кој официјален предлог текст ќе изготви.

Од Дебар, претставник на организација што работи со лица со попреченост

Дебар нигде го нема тука. Мене ми се важни лицата со посебни потреби, и тие да се активираат. Мене јазикот не ми пречи. Коментари нема за законот.

Дина-единствен критериум е млади од 15 до 29.

 

  1. Дина

Ќе има младински работник или некој кој работи со млади. Општините ќе мора да ги отворат.

Младински центар некој друг да биде. Секој да може да го користи.

  1. Дина

Идејата е да можеме да се преброиме. Затоа е регистарот.

Куштрим

Да не се прават поделби и затоа да нема проценти и квоти. Но да се внимава да не се направи дискриминација. Да се воспостави во законот да нема дискриминација. Најголем предизвик ќе биде регистрарот. Согласно текстот да, треба да се регистира ако сака да е дел и препознаена како младинска или организација за млади. Да се внимава со регистарот.

Предлози:

Беким Асани предлака на локално ниво да се вметне во делот дека ги претставува на национално и меѓународно ниво. Има типични проблеми за секој град.

Финансии 0,5 % на годишно ниво од општини е многу малку. Да биде барем 0,7 или 8.

Задоволство да се смени со исполнува (задоволува=исполнува)

  1. Бобан Милославлески СДСММ

Организација за млади и младински организации

Период од 1 година е мал. За 1 година не може да се оцени ефектот од спроведената активност. Многу организации спроведуваат активности според проектни буџети. Кога ќе заврши проектот, толку. Предлог 2 години.

Национално претставничко тело за млади – претставничко тело за млади, нема простор за млади кои не  членуваат во организации. Се се само организации. Политиките да доаѓаат од младите директно. Да има квоти за младите што не се дел од организации. Да стои и поединци на млади. Дека се само групи и организирани форми.

Ваш коментар