Извештај од консултативна средба

10/06/2019, х. Дрим – Струга

 

Присутни говорници:

  1. Ана Манасиева – Агенција за млади и спорт
  2. Куштрим Ала – Подмладок на политичката партија ДУИ

Фасилитатор:

Аделина Ајдарин – Локална Агенција за Развој – Струга


Присутни на средбата:

11 учесници

Информации околу почетокот на консултативната средба, содржината и говорите на говорниците:

Настанот започна во 12:30 часот со краток воведен говор од страна на фасилитаторот на настанот – Aделина Ајдари. Преку кратки точки фасилитаторот ја опиша целта на настанот, темите кои ќе се опфатат и кратка презентација за говорниците. Потоа продолжи Ана Манасиева со презентација на процесот за креирање на ЗМУМП со што учесниците по детално научија за почетоците на формулирање на ЗМУМП, составот на работната група и други релевантни информации. Следниот дел на настанот продолжи со презентација од вториот говорник, Куштрим Ала кој сподели детални информации за начинот на формирање на работната група, содржината на законот и што претставува секој член на ЗМУМП.

Вториот дел на настанот беше наменет за отворена дискусија меѓу присутните, односно младите кои ги следеа настаните имаа прилика тука да поставуваат прашања, да ги споделат нивните мислења и препораки за ЗМУМП со цел истиот да се надополни и подобри.

 

Прашања:

  1. Тања Гроздани – локалните Младински совети конкретно во општина Охрид, не се во голема активност и со тоа и училиштата исто така не се вклучени во овие активности и многу од децата кои можеби се заинтересирани за некои од овие области не можат да се вклучат за предлагање на некои совети за надоградбата на законот и многу од нив не се ни информирани дека постои во општо Закон за Младинско Учество и Младински Политики, по добро би било локалните младински совети да започнат од училиштата или други младински организации да ги запознаат со членовите на овој закон и исто така преземаат акции за поголемо учество на младите во локалните ставови. Нели е тоа клучно за да се изразат потребите на младите и законот за кој разговараме денес да биде функционален?
  2. Куштрим Ала – Дали имате унија на средношколци?
  3. Ана Манасиева – Дали познавате младински организации во вашата општина, и според вас и вашите врсници кој е интересот да бидете активни во такви организации?
  4. Ана Манасиева – Дали некогаш сте биле дел од некоја инцијатива или сте формирале неформална инцијатива за да помогнете некому или за да решите некој општествен проблем во заедницата?
  5. Ана Манасиева – Идејата на законот кажавме дека е да се поттикне младинското учество, но претпоставувам дека не голем број од вашата генерација се заинтересирани за да направат ваков чекор или да се активираат во општеството?
  6. Маја Филипова – Нели треба ментор за тоа, за да се организираме и за да не советува?

 

Одговори:

  1. Ана Манасиева – тоа е и идејата, да се поттикне учеството кај младите, како што спомнаа локалните младински совети,  ние правевме анализа каде како функционираат и за жал во поголем број на општини или не функционираат или не ги знаат своите надлежности. Што е идејата со овој закон? Нај првин до сега претставниците на млади во локалните младински совети се бираа преку советот на општината, обој пат со законот имаме еден нов механизам што овозможува младите сами да ги бираат своите претставници. Тоа значи дека дури и средношколците  ќе можат да номинираат свој претставник во локалниот младински совет и на собрание на млади во таа општина, конкретно во општина Охрид каде што на тоа собрание ќе учествуваат претставници од сите организации на локално ниво. Младите сами ќе можат сами да ги одберат своите претставници. Многу е важно младите во општината да го препознаваат овој совет на млади и да ги препознаваат членовите на истиот како нивни претставници за да може секоја идеја, сугестија во однос на работата на општината да можат да реагираат кај претставниците на советот а подоцна тие претставници да го пренесат тоа до совет на општината. Така да ти благодарам на прашањето и се надевам дека со донесување на законот ќе може сите совети на млади да бидат функционални но и да бидат како што предвидено во одредбите на законот, но тоа дополнително ќе овозможи активност кај младите и дополнително ќе ги направи советите да бидат функционални за нивната надлежност и нивната работа.

Куштрим Ала – знам дека моментално младинските совети не се активни колку што треба, јас кажав претходно дека до сега не беа законска материја и законски регулирани. Со овој закон правно ги регулираме локалните младиснки совети, дури за ваше запознавање, постојат општини во нашата држава кој сеуште немаат формирано локален младински совет, со овој закон ќе имаат обврска да ги формираат истите. Јас би ви дал една препорака, еве на пример законот ви е достапен на страната http://www.zakonzamladi.ams.gov.mk слободно отворете го вие, вашето друшто или барајте асистенција од некој по возрасен и до 30 јуни, за се што мислете дека има потрева за интервенција во законот да ни го доставите на меилот кој е објавен на веб страна. Можете секако да спомнете различни механизми на организирање на локален младински совет или како можат да се подобрат. Како во примерот што вие го кажавте да почнуваат со формирање од средните училишта, или може да предложите различен механизам на избор и на овој начин може да придонесете на подобрување на законот и локалниот младински совет. Ги имате текстот пред вас и имате време до 30-ти јуни да ни се обратите за секој ваш предлог и идеја, бидејки знаеме дека денес ова е прв контакт со законот кој што допрва треба да се усвои. На овој начин можете мнопгу да придонесете и како неформална група, бидејки како што спомнавме претходно законот не се однесува само на формални групи или организации туку им се дава акцент и на неформални младински групи.

  1. Тања Гроздани – не, имаше тенденција да се формира но не беа успешни, исто така и за организирање на дискусии во склоп на општината само формално се прикажуваат дека се организирале, но истите се неуспешни.
  2. Маја Филипова – Црвен Крст – таа организација само функционира. Би било добро да има канцеларии каде младите би можеле да се обратат за информација како што кажавте на вашата презентација.
  3. Учесник – сите такви проекти се водат преку Црвен Крст.

Аделина Ајдари – не, да надополнам, девојките што се присутни денес тука, Тања и Маја, во декември, беа дел од една мала активност која се поддржуваше од нашата организација и целта на таа акција беше да се реши еден проблем во заедницата која според младинската група е важен. И девојките заедно со нивниот тим организираа успешен настан – дискусија со експерти од Мировна Акција и со учество на околу 20 лица, каде што се зборуваше за националните предрасуди, и како да се насочиме кон подобар соживот во Струга како мултиетничка општина. Еве тие можат да ви опишат по детално за искуството и за мотивацијата за организирање на тој настан.

Тања Гроздани – тоа е точно , случајно слушнавме за активноста преку социјални мрежи и помисливме дека тоа ќе биде некој тип на информативен настан, но потоа научивме дека формирајќи група можеме да организираме активност која ќе ја менаџираме ние. Ние се решивме да се фокусираме на националните предрасуди и како истите да се надминат. И мислам дека настанот беше прилично успешен а освен тоа добивме и доста контакти за понатаму. Освен тоа сме учествувале и на други активности но тие не беа од тип на инцијатива или преземање акција.

  1. Тања Гроздани – да но исто така има и лица кои сакаат да учествуваат но не се запознаени, и затоа по добро би било да оди преку училиштето, информирањето или самиот почеток на активностите.

Куштрим Ала – не мора за да се преземат такви инцијативи да се организирате само формално, или како дел од некоја организација. Целта на законот е да ги вклучи и неформалните групи за да се активираат и да ги кажат своите ставови пред локалните институции. Да ве поттикне да го преземете тој чекор. Да се прекрши мислата дека „јас сум млад, нема мојот глас да се слушне..“, овој закон се стреми токму кон тоа, да ви се отвораат вратите на институциите.

  1. Ана Манасиева – по донесување на законот, за по добра имплементација на истиот ќе организираме обуки за сите членови на младински совети со цел на подобрување на капацитетите и за по квалитетна работа, со тоа секој младински совет ќе мора да има претставник од средните училишта кои ќе ги пренесува вашите барања и ставови пред советниците и советот.

Аделина Ајдари – ние како младински организации редовно ги информираме младите преку директни презентации во нивните училишта за сите активности што ги организираме, и покрај бирократијата што се бара од страна на училиштата (иако некој пат е непотребна). Па мислам дека за училиштата да станат по отворени треба и вие да бидете само иницијативни и да ги прикажете вашите идеи и да барате поддршка од нив а и пошироко. Ако ви треба ментор за секаква инцијатива или активност која сакате да ја организирате слободно во секое време може да се обратете кај мене или организацијата за поддршка. Ние сме сосема отворени на овој аспект и имаме голема желба да обучиме посебно млади лидери.

 

Предлози:

  1. Зоран Стевоски – претседател на акцијашкиот клуб „Брег на младоста“, тука сме со младите  од акцијашкиот клуб од Охрид. Инаку роден овде во Струга на 200м во брегот на Црниот Дрим. Почитуваниприсутни, почитувана г-ицаАнаМанасиева, почитуван г-дин Куштрим Ала јас 12 години во минатиот век учествував на младинските работни акции кои што изградија капитални објекти во СФРЈ и во Република Македонија. Здружението постои од 2012г. Со акциите ги изградивме нај капиталните објекти, за 6 месеципругатаБрчкоБановичи 90км, 380км автопат Братство Единство а сега не можеме 60км за 6 години да изградиме од Кичево до Охрид, хидроелектраната Маврово, автопатот од Куманово до Гевгелија, патот од Штип до Плачковица, хидро системот Стрежево, водоводот Метропол Охрид, скопување и асфалтирање на патотБуково – Крушје, воСтругасе ископаа канали за телекомуникација, во 2013 направивме камп во Охрид 200 учесници од цела Југославија. Во 2014 специјална екипа замина за Кралево да ги санира последиците од поплавите кои ја зафатија Србија, 2015 повторно во Кралево по шумнување, 2016 на најтешкиотзафатСкопјеСтајкофциСинѓириќекономија – специјална бригада од Охрид, нас не ни беше битно дали се Албанци или македонци, ние влегувавме во секоја куќа, тоа беше една од најтешките мои акции што сум учествувал, 2018 Скопје на нашите дланки – 55 години по катастрофалниот земјотрес во Скопје, 200 души од цела Југославија бевме прогласени за најдобра бригада, 2019 посета на една куќа на цвеќето и акцијаши средби. Ова се само еден мал дел од активностите. Здружението или акцијашкиот клуб  со 200 ветерани и 300 млади од 14 до 16 години, направивмеакцијашкареволуцијавоМакедонија и ги помогнавме здруженијата со документи финансиски од Скопје, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Штип, Велес и Битола. Ве молам да ни направите акцијашки камп во Охрид, брег на младоста, чистење од Св. Наум до Радожда со поддршка на Државата и Агенцијата за млади. Ви благодарам. А сега Драгана ќе ви предложи промени на законот за волонтерство и истиоткевигоприложи како дел од записникот од оваа средба.
  2. Драгана (Брег на младоста) – предлогот ви го праќам во прилог на записникот во скенирана верзија.
  3. Ана Манасиева – прво сакам да ја поздравам активноста на вашата организација како што спомнавте активни сте од 2012г., со голем број на активности и особено ми е драго што гледам толку млади членови на организацијата, млади кои се свесни дека волонтерството е битен сегмент и сакаат да придонесуваат во општеството од нивна најрана возраст на активирање. Сега она што е битно да направиме дистинкција дека овој закон е Закон за Младинско Учество и Младински Политики, и постои друг закон за Волонтерство и ние на почетокот кога ги разгледувавме областите и се што треба да се вклучи во овој закон, за волја на вистината и го имавме прво спомнато волонтерството но сфативме дека ако веќе го споменуваме ќе треба сите овие работи да најдат место некаде во законот и тогаш ќе се одалечевме од онаа првична замисла што треба да содржи и на што треба да се однесува овој закон. Токму за тоа одлучивме со консензус на ниво на работна група дека за волонтерството постои друг закон преку Министерството за Труд и Социјална Политика и дека таму е разработено, не само што е споменато туку целиот закон е за волонтерство и во овој закон истото не треба да се споменува, така да не е никаков проблем, мислам ви благодарам и на сугестиите и тоа секако ќе влезе во записникот. Но она што ние би сакале да слушнеме повеќе од вас како млади активни чинители во општеството, значи вие сте веќе како волонтери сте и дел од организации и придонесува те. Повеќе би сакале да ги слушнеме вашите коментари во однос на овој закон. Значи Куштрим ја презентирање содржината на законот, доколку некои од поимите не ви се јасни или доколку не ви е јасно зошто ова работа е така дефинирана во законот а не на по друг начин, доколку не сте запознаени можеби со работата на Локалниот Младински Совет и не знаете како вие како активни млади во општеството како можете да се вклучите вие и да бидете дел од тоа собрание на млади или дополнително како би можеле да бидете активни во општината и што се ви нуди овој закон како механизам за тоа и доколку имате прашања во тој дел би сакала да отвориме дискусија за ова. А во однос на коментарите за што треба да содржи законот, тоа е во ред на место но сепак денес дискусијата треба да биде за ЗМУМП а не за законот за волонтерство.
  4. Куштрим Ала – и јас ќе се надоврзам на тоа што го кажа Ана, прво би сакал да ви се заблагодарам за денешното присуство овде, и многу сум среќен од сето тоа што го слушнав, на вистина вашиот активизам е многу присутен посебно во општина Охрид, барем од тоа што го слушнавме од вас. Вие сте активен субјект во Охрид и јас имам неколку препораки во врска со законот каде вие можете да се препознаете самите себеси во рамките на законот. Пример за брзо време, не знам дали е формиран во Охрид локален Младински Совет, да има, дали е вашата организација дел од овој совет? Би било многу добро кога ќе има јавен повик кога ќе има јавен повик за членување на Младинскиот совет, вашата организација да стане дел од овој совет. Затоа што Младинските совети не беа законска категорија но со новиот закон ќе бидат законска категорија и можностите за ваше изразување ќе бидат многу по големи во општеството. Зошто во општина Охрид да нема претседател на Младински совет од вашата организација, или пак и само член? Со тоа што ќе се даде по формален придонес, односно вашиот придонес ќе се види уште повеќе и ќе ви се отворат уште повеќе можности. Бидејќи вие спомнавте измени на постоечки закон, постојат други методи за вие да ги искажете потребите за тој закон, тоа е преку собирање на потписи во општина Охрид од различни волонтери, па преку контактирање на Министерството за Труд и Социјална Политика, треба да воспоставите контакт со надлежните институции за ова материја. Мене ми е мило што постојат организации што сепак реагираат. Се надевам дека ова што го направивте денес овде ќе го направите и кај надлежните институции.
  5. Куштрим Ала – еден пример предлог е според мене, кога ќе се формира младинскиот совет, вие како неформална група може писмено да напишете предлог до градоначалникот или лице според структурата на организирање е надлежен за тоа, за во советот да биде задолжително да има 3 претставници од средните училишта. Со што ќе обезбедите претставник кој ќе ги пренесе вашите ставови и потреби до надлежните лица и институции. Целта на овие консултативни средби е да добиеме фидбек од вас за тоа што е добро и што не е во законот, но бидејќи денес е ваш прв контакт со текстот би сакал да ве натерам да помислите по оваа средба и да ги споделите со нас вашите коментари, прашања и сугестии. Со ова денеска не завршува се.

 

Ваш коментар