Извештај од консултативна средба

28.05,2019  Скопје

 

Фасцилитатор: Јасмина Дуриќ

Говорници: Дарко Каевски, Блажен Малески и Стефан Андоновски

Консултативната средба започна во времето кое беше предвидено во Агендата. Фасилитаторката ја отвори средбата, се престави и ја престави целта на средбата и очекувањата од истата. Потоа, ги престави говорниците на средбата.

Прв говорник на средбата беше директорот на Агенцијата за млади и спорт – Дарко Каевски, кој даде краток осврт за изминатиот период и го презентираше процесот на креирање и изготвувањето на Законот за младинско учество и младински политики.

Со презентација на содржината на Законот за младинско учество и младински политики, продолжија Блажен Малески ( поранешен претседател на НМСМ ) и Стефан Андоновски ( УМС на ВМРО-ДПМНЕ). Презентацијата на содржината на Законот заврши во времето според предвидената агенда.

На средбата имаше голем број на млади, преставници од младински организации, подмладоци од политички партии, невладини организации и преставници на медиумите ( од Сител и Алфа ТВ). Поради големиот број на присутни (шеесет според листовите за евиденција) наместо предвидената интерактивна вежба – World caffe, ја отворивме дискусијата за присутните и ги мотивиравме да дадат свои видувања, коментари и предлози во врска со Законот.

 

Забелешки од дискусијата:

 

1.Коментари

 

– НМСМ и младинските организации треба да внимаваат ( на Запад така било) со кого соработуваат и ОБСЕ не е погодна за соработка поради скандал со педофилија,

– Политичките подмладоци не треба да бидат во работните групи за изготвување на Законот, бидејќи младите треба да бидат над партијата,

– Законот треба да биде насочен во духот на младите,

– Работната група се одлучи на национално претставничко тело,

– За прв пат има добра соработката помеѓу политичките подмладоци и политичките подмладоци со Граѓанскиот сектор.

– Текстот на законот го гарантира претставувањето на младите на еднакво учество

– Процесот е доста инклузивен, задоволен за сите засегнати страни

 

2.Предлози

– Формирање на национално претставничко тело на млади – Кој ја презема оваа иницијатива? Како се формира ова тело и што доколку 2/3 од организациите не се согласат за формирање?

– Тоа треба да се регистрира како посебен правен субјект – Ова тело ја претставува земјата на Национално, Европско и Меѓународно ниво.

– Организација за млади – Да се вметне критериум која организација е организација за млади, да има минимум активности што ги имлементираат организациите за млади, за да бидат вклучени тие што навистина работат, бидејќи имаме голем број организации регистрирани

– Потребни се поголеми критериуми и додефинирање на одредени  членови од Законот пр. Младинска организација е во ред со строги критериум, а Организација за млади нема доволно критериуми, треба да се додефинира и да се вметнат повеќе критериуми

– Во текстот се пишани премногу тела и органи и има дуплирани органи во Законот со што младите ќе се оптоваруваат со бирократија, наместо тоа треба да се поедностават процедурите,

– Каков ке биде изборот на млади во овие органи што се дефинирани со законот? Како ќе се избираат младите на интерно ниво, во политички подмладоци, младински организации?

– Целта на овој Закон треба да се додефинира, бидејќи не е доволно прецизирано,

Да се дефинираат органите и по дефинирање да се утврди што точно значи АКТИВНОСТ за млади,

Да се вметне во законот дека годишен извештај АМС ке поднесува, колку пари се потрошени

– Рестриктивни мерки да има за располагање со буџетските сретства

– Да има надзор од неутрално тело или орган на државна управа што ке ги контролира органите дефинирани во Законот

 

3.Прашања

 

-Национално претставничко тело – Дали сметате дека со ова ке се органичи бројот и кој може да учествува, дали ке биде транспарентно?

-Национално советодавно тело за млади – Која е улогата? Дали советодавното тело може да се вклучи директно да влијае и да креира политики за млади во државата?

-Кој ќе биде односот на Локалните младински Совети со Национален младински Совет?

-Агенција за млади и спорт ќе прави регистар на форми за младинско организирање – Дали сите организации може да се пријават? Овде треба да се додаде критериум за можности на регистрирање. Има организации кои биле партнерски организации во одреден проект или пак фигурираат како младински, од друга страна има организации кои спроведуваат програмски цели и активности за млади и поради тоа не би требало исто да бидат третирани,

-Во врска со  Национално советодавно тело – Дефинирано е кој ке го формира, кој ке ги именува членовите, А КОЈ КЕ ГИ НОМИНИРА членовите? – Мора да има некоја разноликост во однос на членовите, да бидат од повеќе региони од цела држава, да се вклучат и од други Општини.

– Канцеларија за млади – Кој ке ги формира?

– Младински центар – не е одредено кој ке го формира, каде ќе репортира и дава извештај за својата работа?

Локално собрание за млади –  според предвидениот Закон, не се дава шанса да учествува млад човек што не е во политички подмладок или младинска организација или било каков одблик на здружување од наведените?

– Сервисите за млади да се дефинираат поконкретно, кој ке врши ревизија, каде ќе репортираат?

– Сервиси за млади – Дали може да се вклучи политика од АМС како КАРТИЧКА ЗА МЛАДИ во законот за млади? – Овие сервиси не се самоодржливи ако се оставени сами на себе, треба да бидат водени.

– Буџетска реперкусија од 1% – На што ќе се трошат овие пари? На кој начин ке се известува?

– Финансирање –Кој ке ги раководи овие финансии? Доколку одат во Агенција за млади и спорт, како ке се осигураме дека средствата ке одат во сектор млади, а не во сектор спорт?

– Младински чадор организации има индикатор за 5 од 8 региони, како е стигнато до овој индикатор?

– Дали овие 10 членки треба да ги исполнуваат условите за младински организации?

– Низ цел текст од Законот младите имаат само советодавна улога. Како ќе се осигураме со овој закон дека тоа што младите го сакаат и предлагаат ке биде прифатено?

Дел од коментарите и прашањата се повторуваа за време на средбата. На прашањата, предлозите и коментарите, одговораа и даваа објаснување присутните говорници. Ги мотивиравме присутните и понатаму своите конкретни предлози да ги остават на електронската верзија на Законот.

Дискусијата и затварањето заврши според предвидената агенда и по затварањето на средбата, присутните беа поканети на кафе пауза.

 

Ваш коментар