За потребите на подготовка Законот за Млади, Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Агенцијата за млади и спорт на РМ, организираше три-дневна работилница за подготовка на нацрт текст на Законот за Млади, на која беше поканета целата експертска работна група составена од претставници на Клубот на млади (Собрание на РМ), Агенцијата за млади и спорт, Владата на РМ, политичките подмладоци и претставници на граѓанскиот сектор на организации кои работат со и за млади.

Работилницата се одржа од 12 до 14 октомври,  во хотелот „Скардус“ на Попова Шапка, според предлог агенда и насоки за работа кои беа усвоени на почетокот на настанот од страна на сите присутни претставнички тела.

На средбата беа разгледани тековните материјали и препораките, се дефинираа целите на Законот и областите и се разговараше за содржината во секое од поглавјата кои ќе ги опфати Законот.

Ваш коментар