Одржан прв јавен настан за Закон за млади

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

По повод отпочнувањето на процесот за креирање на Законот за млади, вчера во Собранието на Република Македонија се одржа јавен настан на кој се дискутираше начинот на креирање на Законот, како и потребите, правата и обврските на младите кои треба да се уредени со овој закон. Модератор на овој настан беше пратеничката Ивана Туфекџиќ а на настанот говореа: потпретседателката на Собрание на Република Македонија Фросина Ташевска Ременски, директорот на Агенција за млади и спорт Дарко Каевски, пратеничката Невенка Стаменковска, претседателот на Националниот младински совет на Македонија Блажен Малески, пратеникот Костадин Костадинов, извршниот директор на Коалиција СЕГА Зоран Илиески, пратеникот Агим Шаќири и пратеничката Теута Биљаљи. Процесот за креирање на Законот за млади започнува на иницијатива на Клубот за младински прашања и политики при Собрание на Република Македонија. Креирани се три работни групи од кои едната е составена од пратеници – членови на Клубот за младински прашања и политики, втората предводена од Агенцијата за млади и спорт а составена од претставници на институциите на Владата...
Read More