Консултативна средба со млади во Тетово

Извештај од консултативна средба 11.06.2019, Тетово      Присутни говорници: -Ана Манасиева -Куштрим Ала -Драгана Митровиќ   Фасилитатор: -Јовческа Славица Информации околу почетокот на консултативната средба, содржината и говорите на говорниците - Средбата започна во 13.00 часот како и што беше превидено по агендата. Пред почетокот учесниците се потпишаа на листата за присуство. Модераторот ги поздрави присутните, се заблагодари за нивното одвоено време денес и својот придонес кој ќе го дадат во корегирање и дополнување на законот за младинско учество и младински политики, ги претстави говорниците и им даде збор. Ана Манасиевска од Агенцијата за млади и спорт прва презентираше и го презентираше целиот процес на креирање на ЗМУМП. Куштрим Ала и Драгана Митровиќ ја презентираа содржината на законот. По завршувањето на презентациите модераторот им даде збор на учесниците со да постават прашања и да даваат предлози. Прашања: Прв за збор се јави  Беким Асани кој потенцираше дека нема инклузивност, нема превод на албански. Тој во своето тврдење образложи дека НМСМ и Коалицијата СЕГА немаат легитимност да ги застапуваат младинските организации и дека не ги застапуваат сите...
Read More

Извештај од консултативна средба во Струга

Извештај од консултативна средба 10/06/2019, х. Дрим - Струга   Присутни говорници: Ана Манасиева – Агенција за млади и спорт Куштрим Ала – Подмладок на политичката партија ДУИ Фасилитатор: Аделина Ајдарин – Локална Агенција за Развој – Струга Присутни на средбата: 11 учесници Информации околу почетокот на консултативната средба, содржината и говорите на говорниците: Настанот започна во 12:30 часот со краток воведен говор од страна на фасилитаторот на настанот – Aделина Ајдари. Преку кратки точки фасилитаторот ја опиша целта на настанот, темите кои ќе се опфатат и кратка презентација за говорниците. Потоа продолжи Ана Манасиева со презентација на процесот за креирање на ЗМУМП со што учесниците по детално научија за почетоците на формулирање на ЗМУМП, составот на работната група и други релевантни информации. Следниот дел на настанот продолжи со презентација од вториот говорник, Куштрим Ала кој сподели детални информации за начинот на формирање на работната група, содржината на законот и што претставува секој член на ЗМУМП. Вториот дел на настанот беше наменет...
Read More

Извештај од консултативна средба во Битола

Извештај од консултативна средба 13.06.2019, Битола      Присутни говорници: Томислав Гајтановски, Ивана Туфегџиќ и Блажен Малески. Фасилитатор: Виктор Илиев Информации околу почетокот на консултативната средба, содржината и говорите на говорниците Пред почетокот на настанот говорниците дадоа изјава во врска со настанот и она што е предмет на дискусија на настанот. Во прилог е линк од видео запис со изјавите: https://tera.mk/%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D0%B8-%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%BA%D1%83-%D1%81%D0%B5-%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%88%D0%B0-%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%B5/?fbclid=IwAR2iemqa1H41mpzubAPAaI1zk-IzL5NJaunAgnsMVzOr8k5GIjDAS9lFlng Настанот започна во 13.10 часот и одеше по предвидената агенда. Виктор Илиев им посака добредојде на учесниците и се заблагодари на организаторите и говорниците на настанот како и мисијата на ОБСЕ за поддршката во процесот на изработка на овој важен закон за младите во државава. Пратеничката Ивана Туфегџиќ се обрати на присутните и се наврати на важноста на ова законско решение за младите во државава со кое конечно ќе имаат можности не само да даваат мислења и да се консултирани, но и активно да придонесуваат во процесот. Исто така коментирајќи го процесот истакна за важноста на работната група во која на иста маса седнаа и дискутираа претставници...
Read More

Извештај од консултативна средба во Кавадарци

Извештај од консултативна средба 05 јуни 2019, Кавадарци      Присутни говорници: Ивана Туфегџик – член на работна група Зоран Илиески – член на работна група Фасилитатор: Моника Илиоска Кантарџиоска – Коалиција на младински организации СЕГА Присутни на средбата: 56 Фасилитаторот, Моника И. Кантарџиоска, ја отвори средбата со појаснување на целта на консултативните средби и презентирање на агендата. Понатаму, даде краток вовед за подготовката на Законот и функционирањето на работната група. Таа ги информираше присутните дека ова не е единствена средба и дека досега вакви средби беа организирани во Скопје, Штип и Струмица и ги најави следните средби. Ги информираше присутните дека после презентацијата е предвиден дел каде ќе имаат можност да постават прашања или да дадат конкретни предлози за подобрување на текстот на Законот, но и ги упати дека можат да го дадат својот коментар и на www.zakonzamladi.ams.gov.mk. Моника ги најави членовите на работната група кои беа присутни и најави како ќе се одвива презентацијата на предлог Законот за младинско учество и младински политики. Прв...
Read More

Извештај од консултативна средба во Струмица

Извештај од втората консултативна средба со млади за Законот за младинско учество и младински политики Хотел Глигоров, Струмица 29.05.2019 година   Консултативната средба се одржуваше во Хотел Глигоров, Струмица на 29ти мај 2019 година на која беа поканети млади од Струмица и од регионот и каде се даде можност тие да бидат запознаени со предлог текстот на Законот за младинско учество и младински политики. Целта на средбата беше да се слушнат и забележат сите предлози, забелешки, критики, мислење за текстот на законот. Средбата започна во 13.15 со вовед од фасилитаторот Андреј Наумовски кои ги претстави говорниците и даде кратко објаснување за целта на средбата како и на кој начин ќе се одвива истата. На средбата како говорници беа присутни Ѓорѓи Тасев како претставник на Владата на Република Северна Македонија како и Блажен Малески како претставник на граѓанските организации. Најпрвин свое излагање имаше г-дин Тасев кој ја претстави техничката работа и временска рамка на работната група во Собранието на Република Северна Македонија на законот, а потоа...
Read More

Извештај од консултативна средба во Скопје

Извештај од консултативна средба 28.05,2019  Скопје   Фасцилитатор: Јасмина Дуриќ Говорници: Дарко Каевски, Блажен Малески и Стефан Андоновски Консултативната средба започна во времето кое беше предвидено во Агендата. Фасилитаторката ја отвори средбата, се престави и ја престави целта на средбата и очекувањата од истата. Потоа, ги престави говорниците на средбата. Прв говорник на средбата беше директорот на Агенцијата за млади и спорт – Дарко Каевски, кој даде краток осврт за изминатиот период и го презентираше процесот на креирање и изготвувањето на Законот за младинско учество и младински политики. Со презентација на содржината на Законот за младинско учество и младински политики, продолжија Блажен Малески ( поранешен претседател на НМСМ ) и Стефан Андоновски ( УМС на ВМРО-ДПМНЕ). Презентацијата на содржината на Законот заврши во времето според предвидената агенда. На средбата имаше голем број на млади, преставници од младински организации, подмладоци од политички партии, невладини организации и преставници на медиумите ( од Сител и Алфа ТВ). Поради големиот број на присутни (шеесет според листовите за евиденција) наместо предвидената интерактивна вежба...
Read More

Извештај од консултативната средба во Штип

Извештај од консултативна средба 30.05,2019  Штип   Присутни говорници: Ивана Туфегџиќ – член на работна група и Зоран Илиески – член на работна група Фасилитатор: Антонио Даниловски – База на обучувачи при НМСМ Присутни на средбата: 12 Средбата ја отвори фасилитаторот Антонио Даниловски, кој даде вовед за што ќе се говори во текот на консултативната средба. Потенцираше дека ваквите средби се креирани со цел да се соберат коментари, забелешки, препораки кои ќе помогнат за подобар “Закон за младинско учество и младински политики“. Фасилитаторот ги претстави говорниците и соопшти за што ќе зборуваат истите. Како прв говорник на оваа консултативна средба беше членката на работната група Ивана Туфегџиќ која зборуваше за: Образложение како и која беше причината за креирање на овој закон Кои се членови на работната група Процесот на креирање на законот за младинско учество и младински политики Дефинирање на млади, младински организации, организации за млади, чадор организација Креирање на регистар за младински организации Младинско учество Како втор говорник зборуваше Зоран Илиески, исто така член на работната група за креирање на...
Read More