
Консултации за нов Закон за младинско учество и младински политики во Северна Македонија
Оваа недела во Скопје, Струмица и Штип започнаа првите консултации со млади за да се чујат нивните ставови за тоа што треба да содржи новиот Закон за младинско учество и младински политики. Младите во Скопје, Струмица и Штип ги споделија своите ставови со претставниците на Собранието на Република Северна Македонија, Агенцијата за млади и спорт, младинските организации и подмладоците за тоа кои проблеми тие би сакале да бидат решени со закон. Младите на сите настани го поздравија консултативниот процес за предлог текстот за Законот за младинско учество и младински политики и го издвоија како најважно рамноправното вклучување на младите во процесот на одлучување за теми кои ги засегаат.
На настанот во Скопје се обратија Дарко Каевски (Агенција за млади и спорт), Блажен Малески (Национален младински совет на Македонија) и Стефан Андоновски (ВМРО-ДПМНЕ). Младите на настанот во Скопје посочија дека нивниот глас ретко се слуша од институциите и на локално и на национално ниво, па сметаат дека Локалните младински совети и Националното...