Започнуваат консултациите за Законот за младинско учество и младински политики

Започнуваат консултациите за Законот за младинско учество и младински политики

Почнуваат првите консултации за нов Закон за младинско учество и младински политики во Северна Македониja, на кои младите од целата држава ќе имаат можност да го кажат своето мислење и ставови за предлог текстот на Законот.  Во текот на следната недела во Скопје, Струмица и Штип ќе се одржат јавни дебати на кои ќе се дискутира содржината на предлог текстот, како и потенцијални насоки за подобрување на Законот за да одговара на потребите на младите во Северна Македонија. Дебатите и иницијативата за Законот за младинско учество и младински политики се организирани од работна група која ја сочинуваат претставници од: Пратеничкиот клуб за младински прашања и политики при Собранието на Република Северна Македонија, Агенцијата за млади и спорт и Владата на Република Северна Македонија, како и претставници на младинските организации Национален младински совет на Македонија, Коалиција на младински организации СЕГА и подмладоците на БЕСА, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ. На овие консултативни настани се поканети сите заинтересирани млади луѓе кои сакаат да дознаат што значи Закон...
Read More
Работни сесии за Законот за младинско учество и младински политики во Крушево

Работни сесии за Законот за младинско учество и младински политики во Крушево

Работна сесија за предлог текстот на Законот за младинско учество и младински политки, се одржа викендот од 15 - 17 март, во Хотел Монтана Крушево. На тридневната работилница се финализираше предлог – Законот за младинско организирање и учество, а исто така се утврдија идните чекори во однос на споделување на содржината  на Законот со пошироката јавност и одржување на консултативни средби со млади. Оваа работилница беше во организација на  Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а на истата покрај членовите на работната група, присуствуваше и правниот експерт ангажиран од страна на Мисијата, м-р. Денис Прешова.   ...
Read More
Работилница за Закон за млади во Попова Шапка

Работилница за Закон за млади во Попова Шапка

За потребите на подготовка Законот за Млади, Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Агенцијата за млади и спорт на РМ, организираше три-дневна работилница за подготовка на нацрт текст на Законот за Млади, на која беше поканета целата експертска работна група составена од претставници на Клубот на млади (Собрание на РМ), Агенцијата за млади и спорт, Владата на РМ, политичките подмладоци и претставници на граѓанскиот сектор на организации кои работат со и за млади. Работилницата се одржа од 12 до 14 октомври,  во хотелот „Скардус“ на Попова Шапка, според предлог агенда и насоки за работа кои беа усвоени на почетокот на настанот од страна на сите присутни претставнички тела. На средбата беа разгледани тековните материјали и препораките, се дефинираа целите на Законот и областите и се разговараше за содржината во секое од поглавјата кои ќе ги опфати Законот. ...
Read More
[Видео] Зошто Закон за млади?

[Видео] Зошто Закон за млади?

Националниот младински совет на Македонија подготви едукативно видео за потребата од постоење на Закон за млади во Република Македонија. Видеото е изработено во рамки на проектот „Активни Денес – Алатки за спроведување на младинските политики“. Од Националниот младински совет на Македонија посочуваат дека Законот за млади го сметаат за клуч за квалитетна основа за младинските политики и затоа и го ставиле во фокусот на локаните активности во рамките на овој проект. ...
Read More
12