Консултативна средба со млади во Тетово
Извештај од консултативна средба
11.06.2019, Тетово
Присутни говорници:
-Ана Манасиева
-Куштрим Ала
-Драгана Митровиќ
Фасилитатор:
-Јовческа Славица
Информации околу почетокот на консултативната средба, содржината и говорите на говорниците
- Средбата започна во 13.00 часот како и што беше превидено по агендата. Пред почетокот учесниците се потпишаа на листата за присуство.
Модераторот ги поздрави присутните, се заблагодари за нивното одвоено време денес и својот придонес кој ќе го дадат во корегирање и дополнување на законот за младинско учество и младински политики, ги претстави говорниците и им даде збор.
Ана Манасиевска од Агенцијата за млади и спорт прва презентираше и го презентираше целиот процес на креирање на ЗМУМП.
Куштрим Ала и Драгана Митровиќ ја презентираа содржината на законот.
По завршувањето на презентациите модераторот им даде збор на учесниците со да постават прашања и да даваат предлози.
Прашања:
Прв за збор се јави Беким Асани кој потенцираше дека нема инклузивност, нема превод на албански.
Тој во своето тврдење образложи дека НМСМ и Коалицијата СЕГА немаат легитимност да ги застапуваат младинските организации и дека не ги застапуваат сите...